| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Прашање ќе биде дали воопшто ќе постои мала Албанија

mirka

Во Македонија се рашетаа ЕУ-соросоидите Могерини, Туск, Хан и Kарл Билт. Завршија како употребени куртони. Еди Рама и Хашим Тачи, како последни Соросови оази и дувла на наркомафијата, европска депонија и тренинг-центар за терористи се обидуваат да ѝ се џилиткаат на Македонија, а сега во очај и на Европа. Ќе ја правеле Голема Албанија!?, пишува Мирка Велиновска за „Дневник“ во својата последна колумна Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли.

„Сенешто ми изгледа дека после тоа, прашање ќе биде дали воопшто ќе постои мала Албанија. Време е за големо раскурчување на сите соросоидни дивјачки орди. На македонскиве посебно. Џес Бејли веќе се сретна со својата судбина. Амбасадорот на САД ја доби првата тужба од „Џудишал воч“ за своите пучистички дејства во трети држави, во случајот во Република Македонија. Му следуваат и други од американскиот законодавен дом. „Нашиот“ Бејли тукушто беше на двојно сослушување кај сенаторот Мајк Ли и уште една личност.“

„Извештаите од сослушувањата се фасцинантни. Бејли да ти бил лигавина од човек, мрсулко без достоинство, кој се жали дека неговите дејства биле погрешно разбрани од Македонците. Тој бате всушност нам ни помагал. Цело време. Впрочем, како претходно на Турците. Таму им ја организира заедно со УСАИД и Сорос и Гулен Таксим еколошката револуција, која после се претвори во неуспешен воен преврат, а овде се зафати со пленумски востанија кои доведоа до шарена револуција и бриселска платформа на која во Пржино потпис ставија четири партиски поглавици. Па ја надгради преку упад во изборниот процес и постизборната процедура.“

„Информацијата што не ја знаевме досега е дека амбасадорот Бејли ја напуштил Турција како персона нон грата. Го испудиле Турците. А нам црпнатиот император Барак Обама ни го тапоса во Македонија. За набрзинка да ја заврши валканата работа, војните да тргнат од Македонија. Оти од говорницата на Советот за безбедност не извести дека не ставил на линија на огнот за триесетгодишните војни што тој и неговото неофашистичко корпоративно друштванце заедно со стратегот Збигњев Бжежински ги испланирале. Можете да си замислите како ќе изгледаше Балканот и Македонија по тие војни ако на лудакот и Хилари им успееше да победат на последните избори. Ги гледаме сега сите очајнички обиди на губитниците да го одржуваат пламенот на огнената линија која ветува крв до колена и големи профити. За одбраните и црпнати неколкумина и нивните зомби или бројлерски орди. Во оваа дупка падна и целиот состав на ЕУ“, пишува Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top