| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Њуман е во Скопје, вечерва се најавува спектакуларен концерт

Aнглиската соул-ѕвезда Џон Њуман во раните утрински часови пристигна во Скопје. Еден од најпопуларните музичари на денешницата ќе го промовира новиот албум „Revolve“, при што македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо. Имено, вечерашниот концерт ќе биде со продукција и тоа на ист ранг како онаа за вчерашниот концерт на Енрике Иглесијас.

Моќниот соул-вокал стои зад некои од најголемите хитови на денешницата, како што се: „Love Me Again“, „Loosing Sleep“, „Out Of My Head“, „Cheating“, „Tiring Game“, „Come and Get It“, најновата „Give Me Your Love“, на која соработува со Нил Роџерс и Сигала, како и соработката со „Рудиментал“ со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“ или ултрапопуларната „Blame“ со Келвин Харис со која ги освои светските топ-листи. Сите синглови заедно бројат речиси милијарда прегледи на „Јутјуб“, додека во последниве две години Њуман продаде 1,3 милион примероци само во Велика Британија.

Пред концертот на Њуман, ќе настапат Даниел Кајмакоски и групата „Ајкју“.

Покрај Скопје, Џон Њуман ќе биде главна ѕвезда на фестивалите Belgrade Calling (22.06) и Zagreb Calling (23.06), исто така во организација на „Авалон продукција“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top