Петар Јањатовиќ е автор на многу популарната „Екс-ју рок енциклопедија“. Тој во четвртокот дополнето издание говори, меѓудругото и за тоа како настанала популарна песна на Оливер Драгојевиќ „Опрости ми папе“.
– Долго ме копкаше еден извесен Момчило Попадиќ од Сплит, кој беше автор на песната „Да ми је бити морски пас“. Тој бил новинар на „Слободна Далмација“, навивач на Црвена Звезда и поет во слободно време. Тој ја напиша популарната „Тонка, реци цврчак“ на Нови Фосили, бидејќи неговата сопруга не можела да ја изговори буквата „р“. Тогаш композиторот Зденко Рујниќ му побарал текст за една балада на Драгојевиќ, да биде нешто за „татко“. Овој пиел цела ноќ, напишал текст и дошол утрината и му го дал текстот но не верувал многу во него. Рекол дека слободно може да го скине. Тоа била „Опрости ми папе“. Се покажа дека таткото на Попадиќ бил судија во Панчево и дека ги напуштил кога биле мали, потоа се вратил во родниот крај и почнал да се коцка и да пие. Така, најпознатиот далматински „папе“ е всушност од Панчево – изјави Јањатовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


