| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарскиот соларен авион тргна на пат преку Атлантикот

Швајцарскиот соларен авион „Солар импулс 2“ летна утрово од аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк. Ќе лета преку Атлантикот во една од завршните етапи на патот околу светот на оваа експерилентално летало кое го вози швајцарскиот авантурист Бертран Пикард.

Се очекува дека летот преку Атлантикот ќе трае 90 часа и за тоа време Пикард ќе може само кратко да дремне пред да слета на аеродромот во Севлија.

Авионот претходно во април по летот преку Пацификот слета во Калифорнија, а потоа стигна и до Њујорк. Патувањето околу светот има за цел да ја промовира чистата енергија.

Авионот не е потежок од автомобил, а распонот на крилата му е како на „Боинг 747“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top