| четврток, 6 декември 2018 |

Соларниот авион слета во Кина

solaren avionРеволуционерниот соларен авион „солар импулс 2“, кој на својот пат околу светот во понеделникот полета од Мјанмар, денеска успешно долета и по 20 часа слета во Чонгкинг во централна Кина.

Од Чонгкинг го продолжи летот кон источниот кинески град Нанкинг, од каде што ќе тргне на пат за Хаваи.

Патувањето има цел да се промовира употребата на обновливи извори на енергија.

Со авионот, чиишто крила се опремени со повеќе од 17 илјади соларни ќелии, управуваат двајца швајцарски пилоти Бертранд Пикард и Андре Боршберг. Тие се обидуваат да бидат првите, кои го обиколиле светот со авион користејќи исклучиво соларен погон.

Соларниот авион своето патување го почна на 9 март од Абу Даби и имаше четири запирања, пред пристигнувањето во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top