| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да биде изгласан Брегзит – Европратеник се обложува со милион евра

breg

Литванскиот европратеник Антанас Гуога му предложи на лидерот на британската евроскептична Партија за независност на Обединетото кралство, Најџел Фараж да се обложат дека на референдумот на 23 јуни Британците ќе изберат на останат во ЕУ. ­

-Толку сум убеден дека Британците ќе го направат она што треба и ќе изберат да останат во ЕУ. Затоа се обложувам со вас на еден милион евра, кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели- пишува Гуога во денешното писмо до Фараж.

Гуога, познат уште како Тони Џи, е поранешен професионален играч на покер, кој често пати ги донирал паричните добивки во хуманитарни организации. Тој беше избран за европратеник во 2014 година. Засега Фараж не му одговорил на писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top