„Кралски игри“ од Григориј Горин во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, во изведба на Битолскиот народен театар е најдобрата театарска претстава во целина на годинашниот 51-ви Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Според одлуката на жирито во состав: Васе Манчев, писател, Јани Бојаџи режисер и актерот Владо Јовановски, претставата Кралски игрии се закити со уште три нагарди: за најдобра режија за Љупчо Ѓорѓиевски, за најдобра главна женска улога за Катерина Аневска за улогата на Ана Болен и за најдобра сценографија за Валентин Светозарев.
Наградата за најдобра главна машка улога е за Никола Ристановски за улогата на Потсекаљников во претставата „Животот е прекрасен“ на МНТ од Скопје.
Наградата за епизодна машка улога Димче Трајковскии ја доби Кољо Черкезов за улогата на Контролорот во претставата „Ни ќар ни зијан“ на струмичкиот театар, а наградата за најдобра женска епизодна улога е за Билјана Драгичевиќ-Пројкоска за улогата на Серафима Илинчина во претставата „Животот е прекрасен“ на МНТ.
Актерот Марко Трајковиќ од кумановскиот театар ја доби наградата за млад актер Трајко Чоревскии за улогата на Земљаника во претставата „Ревизор“, а најдобра млада актерка е Талија Настова, која наградата ја доби за улогата во претставата на велешкиот театар „Старицата од Калкута“.
Фестивалското жири наградата за текст му ја додели на Венко Андоновски за текстот „Јов“ во истоимената претстава на Драмски театар. Театарот доби и специјална награда за продукциска и сценска функционалност како и награда за најдобар рекламен материјал.
Претставата на прилепскиот театар Ајнштајновите соништаа доби две награди: за современа сценска драматизација за Русомир Богдановски и за костимографија за Розе Трајческа за костимите во претставата.
Наградата за музика ја понесе Горан Трајковски, за музиката во претставата Прометејј на Турски театар, а за кореографија и сценски движења е награден Кире Миладиновски за претставата Старицата од Калкутаа на велешкиот театар.
Според претседателот на жирито, писателот Васе Манчев, во тесен круг за најдобра претстава биле претставите „Кралски игри“ на битолскиот и „Животот е прекрасен“ на МНТ од Скопје.
– Сепак, како целосно уметничко остварување на крајот решивме, со целосна одговорност, дека е најдобро театарското остварување, односно претставата „Кралски игри“ на Битолскиот народен театар, рече Манчев.
На годинашниов 51-ви МТФ „Војдан Чернодрински“ во трката за награди беа 12 претстави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија