| четврток, 6 декември 2018 |

Розберг победи за Големата Награда на Баку

Нико Розберг беше најбрз низ улиците во Баку, Германецот прв ја помина стартно-целната линија и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 24 бода.

Возачот на Мерцедес од првиот до последниот круг беше во водство и сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Втор на целта мина возачот на Ферари, Себастијан Фетел а трет, Серхио Перез, кој имаше уште една извонредна трка.

Кими Раиконен заврши како четврти и покрај тоа што долго време беше во борба за последното место на пиедесталот.

Луис Хамилтон, кој стартуваше од десетата позиција, мораше да се задоволи само со петтото место откако во вториот дел од трката имаше одредени проблеми со моторот, а поради правилата, инженерите од боксот не можеа да му дадат инструкции преку радиото.

Во бодови завршија уште Ботас, Рикиардо, Верстапен, Хулкенберг и Маса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top