| четврток, 6 декември 2018 |

Возеле мотор и загинале

мотор

Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубиле животот во тешка сообраќајна несреќа со моторцикл, што синоќа околу 20 часот се случила во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово ­ Скопје.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, лицето што го управувало моторциклот загубило контрола при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале. Увид на местото извршиле екипи на полицијата и јавниот обвинител по што, како што рече Јосифовски, ќе се знаат точните причини за сообраќајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top