| четврток, 6 декември 2018 |

Си Џинпинг во Белград: Подготвени сме уште повеќе да ги зајакнеме односите меѓу Кина и Србија

si-djingping-tomislav-nikolic-docek-foto-vlada-srbije-1466168790-931045Кинескиот претседател Си Џинпинг порача денеска дека односите меѓу Кина и Србија се длабоки и содржајни, додавајќи дека не ги обележува само пријателство и соработка, туку и заеднички вредности, а Кина е подготвена да го подигне тоа ниво.

– Подготвени сме да вложиме напори за зајакнување на традиционалното пријателство меѓу двете земји кои ги воспоставија нашите постари генерации. Подготвени сме заедно со вас и понатаму да го подигнеме нивото на пријателските односи, истакна Си Џинпинг пред средбата со српскиот колега Томислав Николиќ.

Тој нагласи дека „двата народа се мирољубиви, од генерација во генерација се борат за зачувување на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста“.

– Заедно со вас ќе придонесеме за зачувување на светскиот мир, нагласи кинескиот претседател.

si-dinping-hajat-foto-ap-1465676568-926951Советникот на претседателот на Србија, Станислава Пак изјави за РТС дека посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг е значаен сигнал за инвеститорите од таа држава дека треба да инвестираат во Србија.

– Тоа што се инфраструктурни проекти и проекти во областа на енергетиката се добар образец како може да се вложува и во производството. Србија е препознатлива по производство на храна и по земјоделието, изјави Пак.

Таа потсети дека за време на посетата на претседателот на Кина на Србија, ќе бидат потпишани повеќе од 20 меѓудржавни договори како и договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете држави.

Претседателот на Кина Си Џинпинг вчера пристигна во тридневна официјална посета на Србија, на покана на српскиот претседател Томислав Николиќ, што ќе биде прва посета на кинески претседател на Србија по повеќе од 30 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top