| четврток, 6 декември 2018 |

Срна: Ова беше најтешкиот натпревар во мојот живот

Kaпитенот на хрватската фудбалска репрезентација Дарио Срна после двобојот со Чешка на Евроспкото фудбалско првенство призна дека ова бил најтешкиот натпревар во неговиот живот, но и дека жали што нивната игра опаднала после прекинот поради хулиганското дивеење на трибините.

  • Немам веќе коментар на таквата ситуација, Тука веќе нема што да се коментира. Треба да гледаме само на натпреварот – изјави тој во интервју за Хрватската телевизија непосредно по крајот на мечот, кој беше прекинат во 86 минута поради фрлање на пиротехнички средства на тревникот од страна на хрватските навивачи кои предвреме прославија победа.

По неколкуминутниот прекин, Хрватска не успеа да го задржи водството од 2:1 и заработи само бод со реми против Чешка.

Потегот на хратските навивачи наиде на голема осуда пред се од репрезентативците. Наскоро ќе се знае и кои санкции ќе бидат превземени против хулиганите и колку тоа ќе влијае врз понатамошната игра на Хрватска.

Капитенот Срна пред една недела доживеа и лична трагедија, откако по првиот меч и победа на репрезентацијата на ЕУРО 2016, дозна дека почина неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top