По успешните изданија во Париз и Берлин, фестивалот на кинематографиите на Централна и Источна Европа CEE in Ningbo 2016, кој за првпат се одржува во Кина, во организација на Универзитеот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, и Музејот на уметностите на Нингбо, доживеа огромен успех кај кинеската публика.Објавени беа поголем број на информации во водечките кинески медиуми, а педесеттината филмови од 16 земји од регионот беа прикажани повеќе пати, во неколку кино сали во Нингбо.
Во официјалните извстувања беше потенцирано дека овој фестивал ќе биде традиционален и ќе се одржува секоја година во Јуни, за време на самитот China-CEEC EXPO, што го организира кинеската влада со зејмите од Централна и Источна Европа.
Интернационалното жири составено од водечки личности од кинеската кинематографија и професори од неколку европски универзитети, додели награди на 8 филмови во разни категории и жанрови. Од земјите од балканскиот регион наградени беа филмовите „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов, од Македонија, и “Недопрени од Сонцето„ на Андро Мартиновиќ, од Црна Гора.
Големата чест што беше укажана на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, на неговите професори и студенти, ќе и овозможи на Македонија лидерска позиција во градењето мостови помеѓу културите на земјите од Балканот, односно Европа, и кинеската култура во годините што доаѓаат. Ова особено доаѓа до израз кога ќе се земе предвид огромниот интерес кој го демонстрира кинеската филмска публика а кој владее кај и пошироката јавност за културата на земјите од Централна и Источна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.