| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Нема рокови за одговор до Нимиц

попоски николаШефот на македонскат дипломатија Никола Попоски ги нарече медиумски шпекулации написите во грчките медиуми за наводен рок до 5 мај д кога треба да се одговори по последниот предлог на медијаторот Нимиц, околу спорот со името.

– Не постои никаков рок кој е поврзан со датум. Она што е во реалноста е дека Нимиц има комуникација, дека сака да се придвижи процесот. Тоа е наш интерес. Имаме многу причини зошто да сакаме тоа да биде изведено на еден нормален начин. Од наша страна сме целосно посветени на процесот, ги имаме исполнето сите оние критериуми кои се меѓународно преземена обврска, сакаме да имаме отворен дијалог со нашиот јужен сосед и мислам дека доколку таква посветеност видиме и во Атина тогаш сликата навистина би била подобра околу европските и евроатлантските интеграции. Тоа очекуваме да го видиме. Во однос на можноста за натамошна зголемена комуникација, од наша страна за тоа постои целосна посветеност, но се разбира ова е дијалог во кој имаме две страни и тоа очекуваме да биде пресликано и од другата страна, рече Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top