| четврток, 6 декември 2018 |

Работници во „Макстил“ паднале од кран

makstil
Двајца работници од Скопје паднале од кран додека поставувале вентилација во фабриката „Макстил“ и се здобиле со тешки повреди.
Несреќата се случила вчера во 13 часот кога 19-годишниот М.В. од Скопје и 34-годишниот И.К. од Миладиновци поставувајќи вентилација во фабриката Макстил, паднале од кран и се здобиле со тешки повреди. Двајцата скопјани паднале  на висина од  10-15 метри.
Повредените  биле веднаш префрлени на Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top