Само неколку дена после масакрот во геј клубот во Орландо, магазинот „Атитјуд“ објави историско интервју со идниот крал на Велика Британија, кој ја краси и насловната страна на ова популарно геј гласило.
„Атитјуд“ е најпродаван геј магазин во Англија, а принцот Вилијам е прв член на кралското семејство кој позирал за ЛГБТ медиум. Ова издание ќе излезе утре, само четири дена откако 49 луѓе се убиени во геј клуб во Орландо на Флорида.
Војводата од Кембриџ, чија мајка, принецезата Дајана јавно ја поддржуваше геј популацијата, како и луѓето заболени со ХИВ, ја продолжи нејзината хуманитарна работа и во интервјуто истакнува дека дискриминацијата на основа на сексуалнатата определба има разорно влијание врз менталното здравје на ЛГБТ лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)