Одбојкарката Меган Гансер го обвини кошаркарот Џерод Хендерсон за силување во Анкара, на 9. февруари. И Гансер и Хендерсон се од САД, а се запознале во Турција, земја во која настапуваат во различни клубови.
Гансер пријавила во полиција дека е силувана во нејзината куќа. Клубот Ердемит, каде моментно настапува Хендерсон, веднаш реагираше и го отпушти играчот. Против американскиот кошаркар е подигнато обвинение. Џерод настапуваше за српските екипи Хемофарм и Црвена Звезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.