Просто е неверојатно што се случува со членовите на националната репрезентација на Хрватска на Европското првенство во Франција.
По смртта на таткото на капитенот на Хрватска, Дарио Срна за време на одигрувањето на првиот натпревар на ЕВРО 2016 против Турција, дбранбениот фудбалер го напушти таборот и отпатува во татковината за да присуствува на погребот на родителот.
Само што се врати Срна меѓу своите соиграчи од репрезентативниот состав, пристигна уште една лоша вест.
Овој пат тренерот на голманите Марјан Мрмиќ го напушти кампот на Хрватска впоради смрт на таткото. Меѓутоа тоа не е се што ги снајде хрватските репрезентативци од почетокот на подготовките за ЕП во Франција.
Како што јавува хрватскиот медиум „Индекс“ неодамна почина и вујкото на репрезентативецот Домагој Вида, а националниот тим на кратко го напушти и голманот Ловре Калиниќ поради смрт на мајката на неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.