
Српската пејачка Лепа Брена ќе гради деловна империја на Хрватското приморје. Заедно со нејзиниот сопруг Слободан Боба Живоиновиќ започнале работа со бизнисмен од Русија, со кој ќе изградат хотел со пет ѕвездички. Нивната инвестиција е вредна 3 милиони евра, а во моментот бараат идеална локација на потег од Ријека до Опатија, каде тој комплекс ќе се гради во следните три години, со идеја хотелот да биде најголем комплекс на Јадранот. Брена, која е сопственичката на „Гранд продукција“ од неодамна е и косопственик на ресторан во Опатија, кој исто така го отворила со партнер од Москва.
– Брена одлично знае како и каде да инвестира. Пред две недели со Боба престојуваше во Опатија, каде што била на свадба на пријатели, а воедно имала и деловен состанок со влијателни бизнисмени од Русија, со кои планира да гради хотел на Хрватското приморје. Пејачката и нејзиниот сопруг во својот партнер имаат голема доверба бидејќи тој веќе има голем број хотелски синџири во странство.На состанокот ги договориле сите детали, а адвокатскиот тим на пејачката работи на договори за градба на новиот туристички објект – открил добро упатен извор.
Фолк-ѕвездата и нејзиниот сопруг веќе имаат вила на Бежанијска коса, ресторан на Златибор, стан во Монте Карло и стан во Мајами, САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


