Плејофот во НБА се одвива како по ноти за домашните екипи, а доминацијата е очигледна и се потврди и ноќеска. Билансот е 25-8 за екипите што играат на свој терен, со тоа што трендот го продолжија и Хјустон, Бруклин и Атланта во последните 3 дуели.
Кошаркарите на Хјустон конечно ја победија Оклахома и не дозволија да бидат елиминирани во 4 натпревари. Ракетите славеа тесно со 105-103, иако моѓеше да биде и поинаку.
Извонредниот Кевин Дјурент набрзина постигна 5 поени од вкупно 38 за Оклахома и намали на два поени разлика во финишот. Потоа, Џејмс Харден промаши, па Оклахома имаше можност да израмни. Реџи Џексон упати удар во последните секунди, топката му падна в раце на Серж Ибака, но шпанскиот репрезентативец не успеа да погоди со звукот на сирената.
Хјустон избегна елиминиација во 4 натпревари и ја продолжи серијата од барем една победа во сите плејоф серии од 1996 година, досега. Чандлер Парсонс беше најефикасен со 27 поени, а имаше и 10 скока и 8 асистенции.
Атланта ја искористи предноста на домашен терен и како и противникот Индијана, си ги доби двата дуели пред своја публика. Џош Смит со 29 поени и 11 скока беше лидер во триумфот од 102-91, за 2-2 во победи. Кај поразениот тим, Пол Џорџ беше најефикасен со 21 поен и 12 скока.
Брук Лопез беше вистински лидер на Бруклин, тим што го победи Чикаго со 110-91 и избегна елиминација. Сега е 3-2 за Булс кои ќе имаат меч-топка на домашен терен во петок наутро. Лопез даде 28 поени, со 10 скока за домашниот тим, во кој, шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени. Бекот Дерон Вилијамс одигра одлично и го заврши натпреварот со 23 поени и 10 асистенции. Кај Чикаго сите пет стартери имаа 10 или повеќе поени, а ниту еден од резервните кошаркари не стаса до двоцифрен учинок. Најефикасен беше Нејт Робинсон со 20 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.