| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува конкурсот за најдобра фотографија со мотиви од општина Илинден

Најдобрите 30 фотографии ќе бидат поставени на официјалната Фејсбук фан-страница на Општина Илинден, каде што ќе може да се гласа.

Конкурсот за избор на најдобра фотографија со мотиви од општина Илинден е продолжен до крајот на месец јуни, информираат од Општина Илинден.

Мотивите на фотографиите треба да се од општина Илинден – панорамски фотографии, фотографии со знаменитостите во општината, економските зони, фотографии во областа на инфраструктурата, јавните објекти, како и фотографии со мотиви од манифестации, спортски и културни настани во општината.

Од општина Илинден ги повикуваат сите професионалци, аматери, ученици и сите оние што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции во изборот на најфотографија која што ќе ја промовира општината.

По завршувањето на рокот за пријавување, ќе се формира специјална жири комисија која ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии.

Најдобрите 30 фотографии ќе бидат поставени на официјалната Фејсбук фан-страница на Општина Илинден, каде што ќе може да се гласа. Гласањето ќе трае 30 дена. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија според оценките на стручната жири комисија и 3 награди според гласањето на официјалниот Ферјсбук профил на Општина Илинден.

Наградите за првите места изнесуваат 25.000 денари, за вторите места 15.000 денари и за третите места 10.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top