Црногорските власти со помош на Интерпол интензивно ги проверуваат руските државјани за кои постои сомневање дека инвестирале пари со сомнително потекло, пишува црногорски Дневне новине.
– Проверките се вршат со посредство на Интерпол и тоа е на барање на руската полиција. Во последните 15 месеци црногорската полиција доби 22 такви барања. Некои проверки се извршени, а некои траат и понатаму, рекол раководителот на националното биро на Интерпол во Подгорица, Дејан Џуровиќ.
Меѓу нив имало и „поединци кои од руската полиција се третираат како припадници на организирана криминална група во Русија“.
Во најновиот документ на Европол кој се уште не е официјален, се наведува дека под посебен надзор се „руските тајкуни“ чии бизниси со години наназад и се сомнителни на европската полиција. Нелегално заработените милиони во Русија често завршувале како законски вложувања во терени, хотели или вили на црногорското приморје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.