| четврток, 6 декември 2018 |

Пожари беснеат во јужниот дел на Грција

rcija

Шумски пожари беснеат во јужниот дел на Грција. Едниот од нив е во реонот на градот Мегара и се очекува набрзо да биде изгаснат.

За огнената стихија во близина на Мегара властите уапсиле 52-годишен маж, за кој постои сомнеж дека го подметнал пожарот.

Другите два пожари се на островот Крит и во реонот на Коринт. Гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер. Шумскиот пожар на Коринт е делумно ставен под контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top