| четврток, 6 декември 2018 |

Енрике Иглесијас лично ги покани фановите на концерт во Скопје

Кралот на латино поп музиката, Енрике Иглесијас лично ги покани македонските фанови преку неговата официјална Фејсбук страница (која има над 50 милиони фанови), на концертот кој ќе се одржи идниот понеделник (20.06.2016), во ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“.

Енрике во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика, меѓудругото, ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not In Love“, „Hero“, „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“… кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.
Во прилог, линк од видеото, од официјалната фејсбук страница на Enrique Iglesias.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top