| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка за Гинис – планинари се „измлатиле“ на 6.000 метри надморска височина

Тројца планинари од Италија, Швајцарија и Велика Британија во неделата се степале со нивните локални водачи наречени шерпаси на Монт Еверест додека се обидувале да се искачат на највисокиот врв.

Официјалните власти во Непал од планинските единици за одржување на редот ги испитувале околностите под кои се случил инцидентот. За сега и двете страни ги обвинуваат другите дека ја предизвикале тепачката која може да влезе во Гинисова книга на рекорди затоа што се случила на височина од 6.000 метри. Истрагата се одвива бавно затоа што има проблеми со комуникацијата на планината поради немилосрдните временски услови. Според претставникот на компанијата од Катманду која ја организирала експедицијата на тројцата планинари, Швајцарецот по тепачката решил да се врати дома, а Италијанецот е се уште во базниот камп и сака повторно да се обиде да го освои највисокиот врв висок 8848 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top