| четврток, 6 декември 2018 |

ДНК најавија летна турнеја

По успешната промоција на „Уште еден ден”, ДНК ги носат своите нови хитови, на пат низ Македонија. Познатите „Што сака нека биде”, „Авион”, „Срце”, „Најмила”, добиваат свои наследници во „Уште еден ден”, „Стојам сам”, „Јас и Ти” и останатите песни од последното албумско издание на Панчо и Андреј.

ДНК 2

-Уживаме во летните настапи низ Македонија. Тргнуваме овој Петок од Велес и Клуб 54. Веќе во Недела, после една година, ќе имаме свој концерт во Скопје во Central Park. Во јули, ДНК ќе настапуваат во Валандово (02.07, Club Exit), Гевгелија (08.07, Корзо Кафе), Охрид (28.07, Кадмо), Ресен (30.07, Плоштад) и Дојран (06.08, Плоштад). Настапите почнуваат по полноќ, освен оној во Гевгелија, чиј почеток е закажан за 22.30 часот. Уште некој ден, па сите кои не поддржуваат во она што го правиме, ќе можат да ги слушнат песните од „Уште еден ден” во живо. Едвај чекаме да ја почуствуваме енергијата на нашите фанови. Затоа, се гледаме на концерт!”, вели Панчо.

ДНК_Уште еден ден_Cover

Работното лето на ДНК продолжува и со снимање на спот за песната „Јас и Ти”, кое започнува следната седмица, а ќе биде изработено од Томато Продукција. Новиот сингл ќе биде следбеник на „Стојам Сам”, песна која во изминатиот период го освои топ листите и македонскиот музички етер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top