При реализацијата на овој проект била извршена евиденција и дислокација на вредни икони во сите села во струшко, дебарско и Мала река, и бил попишан целиот иконописен фонд. Претходно Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и синодот на МПЦ донесле одлуката сите вредни икони од црквите од западна Македонија да се соберат во епархискиот центар во Охрид, и во просториите на поранешното училиште на манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски”, каде треба да се отвори Музеј на Мијачијата.
Во реакцијата од министерството се признава дека во обидот иконите да се дислоцираат од црквите имало отпор од локалното население.
Верниците се противат на ова идеја затоа што сметаат дека откако во дебарско на пример на триесетина села со активни цркви остана само еден поп, дислокацијата на иконите дополнително ќе го замре црковниот живот и ќе го одврати народот од црквите.
Канал 5 дознава дека за време на средбите на претставници на МПЦ – ОА и управата за заштита на културното наследство на загрижените верници им било ветено дека црквата до Велигден ќе направи копии од украдените икони но на пет дена пред велигден нема никаков абер за ова ветување.
Притоа во убедувањето на верниците да ги предадат вредните икони за истите да се заштитат, црковни претставници се заканувале дека и црквите и иконите се сопственост на МПЦ – ОА и дека тие можат да бидат насилно одземени.
Освен свештениците од Свети Јован Бигорски и женскиот манастир Свети Ѓорѓија во селото Рајчица досега ниту еден од членовите на Светиот синод ниту владиката Тимотеј кој што е администратор на Дебарско Кичевската епархија не ги посетиле црковните одбори каде се случи кражба на икони. За жал светиот синод на МПЦ – ОА се уште не разбира дека покрај тоа што потпишува катастрофални договори со СПЦ и се занимава со административни и бизнис прашања треба да работи на ширење на духовноста и пред се да биде со своите верници секогаш кога ним им е тешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


