| четврток, 6 декември 2018 |

Кој бил Омар Матин – убиецот од грозоморниот масакр во Орландо

Полицијата врши претрес на домот на Омар Матин, Американец со авганистански корени, во потрага по мотивите за извршување на масакрот во ноќен клуб во Орландо, Флорида, во кој загинаа 49 лица и самиот атентатор.

13.6.omar_-620x336

Непосредно пред крвопролевањето 29-годишникот се јавил во полиција и се декларирал како приврзаник на „Исламска држава“. Истрагата сака да дознае дали тој самиот се радикализирал или бил дел на поширока мрежа. Неговото семејство е пред загатка-татко му Седик Матин, Авганистанец, е шокиран:

-Ако беше уште жив, ќе му го поставев прашањето: зошто?

Таткото исклучува верска мотивираност на злосторството кое го изврши неговиот син, повеќе се сомнева во омразата кон хомосексуалците.

Својот син тој го видел последен пат ден пред масакрот и вели, се било како и обично:

-Тој намина да ме види мене и мајка му, не ми падна во очи ништо необично.

133212785_1-60618

Седик Матин и самиот е политички ангажиран , во видеа кои ги снима се отсликува неговата поддршка кон талибанците. „Вашингтон пост“ известува дека видеата често се неповрзани, во едно тој дури се претставува и како претседател на Авганистан. Но, во видео-снимките објавувани на Јутјуб не се појавува атентаторот, синот Омар Матин, пишува Дојче Веле.

Сепак, властите вршат темелно испитување, уште повеќе што Омар Матин во 2013 и 2014 година веќе бил во визирот на ФБИ, поради радикални и подбуцнувачки изјави и можни контакти со еден атентатор-самоубиец, но во тоа време истрагата останала без резултат. Поранешната сопруга Ситора Јусифиу навестува друг можен мотив, во преден план ја става импулсивноста, а не исламскиот фундаментализам:
-Тој можеше да избувне за момент, беше емоционално нестабилен. Во одредени моменти ја признаваше својата антипатија кон хомосексуалците.

Желба на Матин била да стане полицаец, поради што напорно тренирал и консумирал стероиди, кои при погрешно дозирање можат да предизвикаат психози. Во 2011 година,тврди екс-сопругата, нејзиното семејство успеало да ја „оттргне од неговите раце и да ја спаси“ од неговата насилност.

Нивниот брак траел само неколку месеци.

Имамот во Исламскот центар од Форт Пирс, кој Омар Матин го посетувал од 2003 година, истакнува:

-Никогаш не би очекувал вакво нешто, овде проповедаме мир и правда. Еден верник од џамијата тврди дека Омар Матин минатата недела изгледал тажен и повлечен во себе. Инаку, Матин радо дискутирал верски прашања, во случај да не се согласува со нешто, тоа директно го кажувал, често создавал застрашувачки впечаток.

Омар Матин поседувал легално оружје, работел во фирма за обезбедување, а кратко пред масакрот кој го изврши во ноќен клуб каде се собираат хомосексуалци, купил автоматско оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top