Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одби барањето на СЈО за предлог мерката определување на притвор против осомничениот В.Т.
-Во врска со Предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот, се истакнува во соопштението на Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Оттаму информираат дека од СЈО имаат право да поднесат жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.