Вечерва во 21 часот се игра можеби најголемото дерби во досегашниот тек на Европското првенство помеѓу Белгија и Италија во рамки на групата Е.
Еден Азар ќе биде предводник на Белгијците откако ја наследи капитенската лента од повредениот Венсан Компани. Фудбалерот на Челзи сака да одигра блескав натпревар за да го импресионира неговиот иден менаџер и сегашен селектор на Италија Антонио Конте.
– Среќен сум што ќе играм против мојот иден менаџер. Се надевам дека ќе можам да го импресионирам и да му покажам што сѐ можам да направам на теренот и дека следната сезона тој може да се потпре на мене – изјави крилниот напаѓач на вчерашната прес-конференција пред денешниот натпревар против Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.