Одморот на фудбалерите на Црвена Звезда заврши, и македонскиот репрезентативец Давид Бабунски заедно со своите соиграчи, денеска ги започна летните подготовки во пресрет на квалификациите за Лигата на шампионите. Вториот Македонец, Даниел Аврамовски, кој беше на позајмица во ОФК Београд, а за кого постои интерес од Динамо Загреб, ќе треба да се јави во клубот на 20 јуни.
Црвена Звезда е и можен противник на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите. Ждребот ќе биде извршен токму на 20 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.