| четврток, 6 декември 2018 |

Сабина Ајрула-Тозија, Елхаме Билал и Лилјана Мазова со награди за животно дело на „Војдан Чернодрински“

Со претставата „Име“ беше отворен 51. МТФ „Војдан Чернодрински“. На свечената церемонија пред публиката се обратија градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој воедно им ги додели наградите за животно дело на годинешните добитници и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.

cernodrinski 2000 L1007230

Годинава добитници на оваа награда за : Сабина Ајрула-Тозија, актерка, Елхаме Билал, актерка и Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицист.

cernodrinski 2000 2016 L1007217

-Детето е родител на човекот. Затоа уметноста е естетска игра, Актерот е Прометеј и Орфеј истовремено. Затоа е сонувач со отворени очи. Актерот е духовен воин. А за тоа треба врвна храброст, висок ризик и упад во непознатото. Во долгите летни жеги, театарот е барде со ладна изворска вода. Во осамените и скомињави ноќи, театарот е топла постела за изѕемнати нозе. Театарот е вечност на мигот. Остра и лута критичка сабја за сите лошотилаци во нас и во светот. Театарот е нежен допир и љубовен шепот. Утеха за неутешните и заборавените. Сe ова и многу, многу друго е театарот, но никогаш без неговата есенција, актерот!, вели уметничкиот директор Петар Темелковски.

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во официјалната програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top