| четврток, 6 декември 2018 |

Голема победа: Во Грција се враќаат македонските имиња на селата (ФОТО)

makedonski sela grcija

Нашинците во Грција чекор по чекор добиваат голема битка и ги враќаат македонските имиња на градовите и на селата. Од пред неколку дена во селото Полипотамо стои стариот назив Неред. Табла со македонското име осамна пред влезот на селото, што за Македонците кои живеат во Грција е голем потстрек за да се изборат за сите права како етничко малцинство, пишува Телеграф.

Неред, односно Полипотамо по грчки, се наоѓа во регионот на Лерин и важи за едно од најбунтовните и најмакедонските села во северниот дел на Грција. Најголемата прослава во ова село се случува на 17 август на прославата на празникот Богородица. Пред неколку месеци и славното село Баница си го врати своето име наместо Веви, а пак на таблите кон Македонија наместо Манастири стои Битола.

makedonski sela grcija 1

Политиката на преименување од македонски во грчки имиња во северна Грција почнала во 1918 и траела се до 1925 година, кога биле прекрстени  800 села и градови.

Со преименувањето Лерин станал Флорина, Солун – Тесалоники, Воден – Едеса, селото Овчарани по ново се вика Мелити. Грчки имиња добиле и родното село на Крсте Петков-Мисирков, Постол, кое било преименувано во Пела, Баница во Веви, Сботко во Аридеа, Кутлеш во Вергина, Сеово во Идомени итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top