
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска по повод Денот на Русија дека целта на сите руски граѓани е безбедна држава, отворена кон целиот свет.
Говорејќи на доделувањето на наградите по повод Денот на Русија, Путин изјави дека „цврстата граѓанска позиција на луѓето го држи и зајакнува суверенитетот на земјата“.
– Нашите луѓе ја поддржуваат земјата, ја сметаат за најдобра на светот, сакаат да живеат во неа и да работат на нејзиниот напредок -рече Путин.
– Денешниот празник го означува почетокот на кардинални промени. За нив треба време, како и за сите радикални реформи, кои понекогаш станувале тешки, дури и драматични за една држава и за еден народ. Меѓутоа тие беа потребни. Тоа што било ново и непознато некогаш, веќе е цврсто влезено во нашите животи – изјави тој.
Путин истакна дека Русија ја докажала својата способност да се усовршува, да го посакува најдоброто, да врши радикални пробиви напред кон нови политички и економски височини и да се адаптира на промените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


