Грција ќе остане без фериботи и јавен транспорт на 1 мај, кога двата најголеми синдикати организираат штрајк и демонстрации, со кои ќе биде одбележан Меѓународниот ден на трудот
Синдикатите сепак ветија дека патниците ќе бидат што е можно помалку засегнати.
Автобусите и тролејбусите во Атина ќе се движат меѓу 09.00 и 21.00 часот. Метрото и електричната железница ќе се движат и по 21.00 часот, пренесе Катимерини
Метрото нема да вози до аеродромот во Атина. Редица меѓуградски возови нема да сообраќаат. Фериботите ќе останат во пристаништата преку целиот ден во среда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


