| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во завршницата: Лукас скокна да ја тепа Карлеуша

Jelena Karleusa 05_RAS_foto Vesna Lalic_1000x0

Жестока караница меѓу фолк пејачот Аца Лукас и пејачката Јелена Карлеужа го прекина снимањето на полуфиналната емисија на „Ѕвездите на Гранд“. Какошто дознава Ало, Вуксановиќ не можел да го трпи однесувањето на самопрогласената дива, која во текот на снимањето постојано му влегувала во збор, па на овој му се споиле жичките и ѝ се здал.

Во текот на целото снимање Јелена мислеше дека има има право најмногу да зборува за кандидатите и дека на секој член од жирито може да му влета во збор и да му се спротивстави. Тоа не му се допадна на Аца Лукас, па неколкупати ја опомена. Откако таа не престана, на Лукас му се споија жичките, стана и го прекина сминањето. Бесно викаше да престане да го прекинува и да се однесува воспитано. Сешто си рекоа еден на друг, навреди, пцости. Кога виде дека нема шега со Аца, Карлеуша си ја подви опашката, раскажува извор кој бил сведок на настанот, а приказната ја потврдил и самиот пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top