| четврток, 6 декември 2018 |

Ден пред Европското првенство Најк ја објави најдобрата реклама досега

Ronaldo

Ден пред Евро 2016 објавена е спектакуларна реклама на Најк со Кристијано Роналдо. Трае речиси 6 минути и за неколку часа на Јутјуб е прегледана речиси 310.00 пати.

Сценариото е филмско. По пад на еден натпревар славниот фудбалер го менува телото со тинејџер, кого го игра Герсон Кореија Адуа.  Роналдо се буди во собата на момчето, која е полна со постери со неговиот лик, а момчето пак во вилата на Роналдо.

Како Роналдо стана најдобар?

Заплетот се одвива за време на натпревар меѓу Репрезентациите на Португалија и Англија, кога овие двајца актери повторно се среќаваат.

Од Најк идејата за рекламата ја опишуваат вака: „Роналдо стана најдобар на светот така што беше најголем работник во фудбалот. Но, што ќе беше неговата брилијантност да мора да почне од почеток. Еден момент може да промени се“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top