| четврток, 6 декември 2018 |

„Мостра за револуција“ – српска книга од која „шарените“ учат како да дивеат по улиците, бојата им е увезена идеја

„Мостра за револуција“ од лидерот на КАНВАС, Срѓа Поповиќ, е книгата по која „шарените“ се обучувани да ја уриваат Македонија. Секојдневните протести на т.н. „Шарена револуција“ воопшто не се спонтани граѓански собири на кои се изразува незадоволство од состојбата во земјата. Секој потег на овдешните „револуционери“ е добро осмислен и организиран и го има во книгата „Мустра за револуција“ на лидерот на КАНВАС, Срѓа Поповиќ, пишува „Телеграф“.

kniga_mustra_za_revolutsija3-640x409

„Телеграф“ дојде до оваа книга во која детално е објаснет секој чекор на активистите од „Протестирам“, кои секојдневно ги уништуваат спомениците и државните објекти во Скопје и во другите градови.

Бојадисувањето на спомениците, фрлањето боја во фонтаните, протестите, блокирањето на улиците, графитите низ целиот град… сето тоа е изум на Поповиќ, кој дебело им го продава на овдешните опозиционери.

Лидерот на КАНВАС во книгата вели дека насилното симнување од власт на легално избрани влади е добро испробан рецепт во Србија, Украина, Сирија, Египет, Тунис, па дури и на Малдиви.

srgja_popovic-640x512

КАНВАС учествува во соборувањето на египетскиот претседател Хосни Мубарак, во „Портокаловата револуција“ во Украина во 2004 година, како и во симнувањето на Јанукович,апсењето на Милошевиќ, како и неуспешниот обид да се тргне од власт Башар ал Асад во Сирија.

Крајната цел на КАНВАС во овие револуции е да се симне легално избраната власт, а да се донесе т.н. продемократска влада, која би била марионета на Западот.

kniga_mustra_za_revolutsija2-640x409

За активностите на КАНВАС во Македонија се зборуваше подолго време, но своја потврда доби во почетокот на протестите кога токму активисти од Србија беа на чело на колоната. „Ајмо звиждаљке“ и „Идемо јаче“, можеше да се слушне на „шарените“ протести, додека автомобили со белградски регистрации кружеа низ градот.

Згора на тоа, активисти на КАНВАС неколку пати доаѓаа во Велес и во Скопје да ги обучуваат Соросовите невладини организации, од каде што доаѓаат најголем дел од демонстрантите.

grafiti__6_-640x409

Познато е дека протестите во Скопје немаат организатор ниту, пак, лидер, а движењето „Протестирам“, кое ги повикува опозиционерите да излезат на протест, никаде не е регистрирано. Поддршка им даваат голем број невладини организации, новинари, активисти кои немаат никаква харизма да ја повлечат масата.

Сето тоа е по сугестија на Поповиќ, чија претходна организација „Отпор“, исто така, немаше официјален лидер.

grafiti__1_-640x409
-Важна одлука што ја донесовме беше дека ‘Отпор’ нема да биде движење што е засновано на харизматични водачи. Движење без лидер, кој лесно можеш да го идентификуваш, потешко е да го задушиш со еден потег. Ако уапсат еден од нас, другите ќе дојдат на негово место, советува Поповиќ.

Во книгата, Поповиќ ги храбри демонстрантите да не се плашат ако бидат приведени од полицијата и дека е „кул“ да бидеш уапсен. Истите зборови ги кажуваа и демонстрантите што беа уапсени по демолирањето на канцеларијата на претседателот Иванов. Тие велеа дека не се плашат и дека повторно би го направиле истото.

zgodni_devojki-640x427

Лидерот на КАНВАС вели дека протестите што ги организирале во Белград полека станале најдобрите журки во градот и дека имале поддршка од сите слоеви во општеството, како и на ЛГБТ-заедницата, која, според него, е многу влијателна.

-Нашите демонстрации стануваа најдобрите журки во градот. Ако не сте таму можете да се простите од општествениот живот. И никој не беше повеќе кул од оние што беа уапсени. Ако те пикнат во затвор значи дека си пркосен и храбар, а тоа значи и дека си секси, стои во „Мустра за револуција“

Речиси идентична ситуација се случува и кај нас. Згодни девојки, дотерани по последна мода, момчиња, хомосексуалци, кои на социјалните мрежи се фалат дека биле на протест, иако е малку веројатно дека знаат зошто се таму и важно им е да бидат видени.

boenje_sliki_na_gruevski_i_iavnov-640x409

Се сеќавате ли кога овдешните опозиционери поставија платна со ликовите на Никола Груевски и на Ѓорге Иванов? Немојте ни да помислите дека тоа е нивна оригинална идеја. Овој изум Поповиќ го патентирал во времето на Милошевиќ, чиј лик исто така бил гаѓан од демонстрантите.

Последниот и најочигледен пример во немањето инвентивност на овдешните демонстранти е фрлањето црвена боја во фонтаните низ Скопје, која божем требаше да ја симболизира крвта на Мартин Нешковски. Нема врска.

Овој трик Поповиќ веќе го има продадено во Сирија, и таму требало да го претставува насилството на режимот на Башар ал Асад.

farbanje_fontani__3_-640x409

-Еден од првите потези на храбрите активисти во Сирија беше да купат неколку канти црвена боја. Потоа чекаа да падне мрак, ќе отидеа кај фонтаните на главните плоштади во Дамаск и бојата ја истураа во водата. Следното утро изгледаше како од фонтаните да блика крв, како метафора на бруталноста на Асад, открива Поповиќ во својата книга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top