Министерството за внатрешни работи на Гана го обвини Едмунд Кода, истакнат член на позициската Нова патриотска партија, дека се обидел да ја сруши власта со помош на Срби.
– Едмунд Кода е уапсен откако неговото име се најде во документи кои покажуваат дека безбедноста на Гана била загрозена во 2014 година. Доказите укажуваат на тоа дека капетан Кода поврзан со Србите, кои се доведени во Гана за да учат одредени луѓе на тактика за ненасилен отпор и да предизвикаат револуција – вели министерот Проспер Бани, не наведувајќи ги имињата на Србите кои наводно соработувале со уапсениот.
Капетан Едмунд Кода е еден од најблиските соработници воедно шеф на обезбедувањето на политичарот Нане Адоа, претседателска кандидат на претстојните избори.
Од затвор Кода порача дека обвинувањата се луди.
– Ова е едно од најлудите обвинувања на моја сметка. Не сум се сретнал со ниту еден Србин во текот на 2014 година, ниту која било друга година, а камо ли да сум им помагал на српски државјани во името на мојата партија да регрутираат и учат луѓе на ненасилен отпор, што е овде казниво со смрт. Единствен Србин кого го познавам е Милован Рајевац, поранешен селектор на Гана, порачува Кода преку својот адвокат.
Срѓа Поповиќ: Првпат слушам за Гана
Основачот на Центарот кој се занимава со изучување на применети ненасилни акции и стратегии Срѓа Поповиќ тврди дека со години се занимава исклучиво со теориска работа за општествени и политички движења во светот.
– Тие господа ниту ги познавам, ниту пак сум бил во Гана. Знам дека таму наесен се одржуваат парламентарни и претседателски избори. Очигнедно во Африка е вообичаен политички фолклор да се обвинуваат опонентите дека се „во спрега со странски сили“, тврди за Блис Срѓа Поповиќ, основач на „Канвас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.