| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски се сретна со бизнис елитата на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски се сретна со претставници од бизнис-заедницата во Скопје, за да ги запознае со деталите поврзани со одбележувањето на 50 години од катастрофалниот земјотрес што далечната во 1963 година го погоди Скопје.

– За трагедијата што му се случи на Скопје, `63-та, дозна целиот свет и  веднаш почна да пристигнува хуманитарна помош, а скопјани покажаа истрајност, храброст и солидарност која беше за восхит. Скопје, во годините по невидената катастрофа, интензивно се градеше со донациите од целиот свет, но и со посветеноста и љубовта на граѓаните на главниот град на Република Македонија.Токму затоа, за да им оддадеме почит, а воедно достојно да  одбележиме  50 години од катастрофалниот земјотрес, Градот Скопје во координација со Универзалната сала во Скопје и голем број други институции, ќе организираат неколку месечни активности под мотото „Скопје се сеќава”, изјави градоначалникот Трајановски и ги повика сите заинтересирани,  да се вклучат во одбележувањето на половина век од катастрофалниот земјотрес што го  погоди Скопје.

Активностите ќе почнат веќе идниот месец, додека поинтензивни активности се планираат во деновите пред и по 26-ти јули, со еден централен мултимедијален настан на самиот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top