| четврток, 6 декември 2018 |

Гратис интернет и ТВ од Македонски телеком за студентите во домот „Гоце Делчев“

Опремена е читалната во реновираниот блок „Б“. Донацијата е во износ од над 900 000 денари.

Македонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“ (Државен Студентски Дом „Скопје“). Опремата од компјутери, ТВ уреди, печатачи И телеком услуги е достапна за сите студенти во читалната во реновираниот Блок „Б“.

telekom

-Основниот мотив на Македонски Телеком за донацијата е поддршката на младите и образованието и унапредувањето на информатичкото општество.Со опремувањето на читалната со компјутери, телевизија и интернет, студентите добиваатсовремено катче за учење, информирање и дружење. – изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

2telekom

Донираната опрема е во вредност од над 900 000 денари. Инсталирани се и вмрежени 20 нови десктоп компјутери, два ТВ уреда и два печатачи. Обезбедена е и опрема за безжичен интернет како и пакет услуги на Македонски Телеком: Telekom HotSpot,MaxTV пакети и два телевизиски пакети Max Sport+.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изрази голема благодарност до Македонски Телеком за целосната поддршка од нивна страна за обезбедување на потребната компјутерска и дигитална опрема, за современата читална за студентите во неодамна реновираниот блок Б.

-Оваа донација е еден исклучителен гест за почит и потврда за корпоративна општествена одговорност, која се надевам и понатаму ќе биде на високо ниво и преку една коректна соработка на бизнис секторот со нас, како Министерство и Влада, ќе продолжи да дава позитивен придонес во унапредувањето не само на студентскиот стандард, туку и на бројни други сфери и области.

1telekom

Македонски Телеком во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршка и развој на дигиталното општествои унапредувањето на животот и образованието на младите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top