Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда Стефан Михајловиќ ја исекол по вратот и стомакот старлетата Сораја Вуќелиќ, својата поранешна девојка, поради што таа завршила на Ургентен, дознава српски Курир, пренесува „Прес 24“.
Сораја, која за среќа е полесно повредена, за српски Курир го потврди инцидентот кој се случил по проводот во една дискотека.
– Бев излезена со друштво, беше најнормална вечер, како и секогаш. Се напивме малку, а подоцна останавме со друштвото, се шегувавме, седевме, зборувавме… Тогаш се случи инцидентот со Стефан. Не се сеќавам како дојде до тоа, не беше ништо намерно, само во еден момент почувствував болка на вратот, а потоа и на стомакот, изјави Сораја.
Таа наведе дека се се случило многу брзо и дека не знае ни со каков предмет е исечена на вратот и стомакот.
– Дури кога ја видов крвта, сфатив што ми направи. Тврдам дека Стефан не го направи тоа намерно бидејќи не е насилник, нити имал намера така да се постави кон мене. Пријателите веднаш ме однесоа на Ургентен, каде лекарите ми ја пружија потребната помош. Се чувствувам добро, што е најважно. Раните ми се преврзани и не се сериозни, рече старлетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сораја во шок: Некој и ја уби мачката од 22.000 куни (видео)
-
На Сораја и го забранија влезот во Србија, а потоа и се губи секоја трага: Таа се огласи и еве кај се наоѓа!
-
Засолниште најде во приватен хотел: Сораја не смее во Белград, па се врати во Будва
-
Таа е опасност за безбедноста: Сораја не смее да влезе во Србија!