Со цел да помогне во пронаоѓањето на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој се води како исчезнат од 4-ти јуни 2016 година, жителите на селото Мешеишта утре ќе организираат голема акција за пронаоѓање, пишува „Охрид њуз“. Акцијата ќе започне пред куќата на Алексиески во 7:30 часот.
Организатoрите на акцијата апелираат до сите граѓани кои сакаат и можат да помогнат да се приклучат во акцијата за пронаоѓање на исчезнатото лице. Сите заинтересирани за учество во акцијата може да се обратат на телефон 077/738-692.
До сега во акцијата за пронаоѓање на Алексиски покрај полициските служби вклучени беа и членовите на Единицата за интервеции и спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, исчезнатиот Алексиески заминал да бере печурки на 3-ти јуни 2016 година. Излегол од дома и се упатил на автопатот Охрид – Скопје, во делот од селото Мешеишта, кон селото Климештани. Последен пат е виден во 12.30 часот покрај автопатот меѓу двете села. Тој е висок околу 170 сантиметри и тежок околу 65 килограми. Облечен бил во потемна облека (црни или тегет тренерки, темна маица, односно блуза и темна капа).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


