| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во Велес почнуваат „Рацинови средби“

Во Велес ­ градот на Коста Солев Рацин, поетот и револуционер, автор на стихозбирката „Бели Мугри“, вечерва во 21:30 часот на платото пред Спомен костурницата од НОВ каде почива и Рацин, свечено ќе бидат отворени 53. „Рацинови средби“ 2016.

На свеченста ќе биде изведен перформансот „Тука сум“ по што ќе бидат врачени и нововостановените награди од минатата година: наградата „Антологија на болката“ на Даница Ивановска Лепојевиќ и наградата „Напиши љубов во 140 карактери“ на Горан Лазевски.

Претходно на Спомениците на Рацин ќе биде положено и цвеќе во негова чест, а ќе се одржи и традиционалната Беседа за Рацин. И годинава ќе се одржи процесијата „Илјада свеќи за Рацин“.

Доцна попладнево претставници од организацискиот одбор на манифестацијата „Рацинови средби“ и присутните гости и писатели ќе засадат млади дрвца во „Рациновата шума“ кај скалилата кои водат кон Спомен костурницата од НОВ.

Во рамки на програмата вечерва во Ликовниот салон ќе биде отворена традиционалната изложба „Грнчарски средби Велес“ 2016. Претпладнево на таканаречениот „Ѕид за Рацин“ под Градскиот саат во Велес беше промовиран и муралот „Ленка и тутуноберачите“ што го изработија ученици од Гимназијата „Кочо Рацин “ од Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top