| четврток, 6 декември 2018 |

Започна фестивалот на кинематографиите на Југоисточна и Централна Европа во Нингбо, Кина

Вчера, 08.06.2016, свечено започна првото издание на СЕЕ in Ningbo 2016 фестивалот. Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, Париз, Есен, Ротердам, по шест години во Париз и две во Берлин, во кинескиот град Нингбо, којшто е симбол на Европско-кинеските односи низ вековите, се отвори фестивалот на кинематографиите на Централна и Источна Европа (www.see-ff.net) . Во програмата се вклучени 47 филмови од 16 земји, кои ги одобри специјална селекциона комисија.

Во свечената сала на Музејот на  уметноста на Нингбо, пред голем број на  претставници од дипломатскиот кор, институции, американски и европски универзитети, фестивалот го поздрави претседателот на Централната филмска агенција на Кина, Зенг Ци. Меѓу другите, пред меѓународната асемблеа се обрати и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, којшто поднесе и уводно излагање на симпозиумот „Краткиот филм и урбаната култура во светски рамки“.

Во напреварувачкта конкуренција на фестивалот се вклучени и шест кратки филмови од Македонија: „Повик во ноќта“ – Трифин Ситниковски, „Пепи и Муто“ – Ѓорѓи М. Унковски, „Сивата шума“ – Ѓорѓи Лазов, „Дома“ – Тања Тодорова, „Кружно патување на Марето“ – Жарко Иванов, и „Девојката што паѓа“ – Владимир Лукаш.

Во рамките отворањето на  економскиот самит  – China-CEEC EXPO 2016 во Нингбо, беа прикажани и 16 промотивни филмови од секоја од земјите учеснички, а посебно внимание предизвика филмот за Македонија и нејзините природни убавини и уникатни локалитети.

Меѓународното жири од осум членови, со кое прецедава Зенг Ци, во недела ќе ги објави добитниците на наградите, воочи почетокот на Филмскиот фестивал во Шангај (Shangai International Film Festival), и на тој начин фестивалот СЕЕ in Ningbo ќе воспостави традиција со која ќе се следат современите текови на кинематографиите на Југоисточна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top