| четврток, 6 декември 2018 |

„Форбс“ ја објави листата на најбогати спортисти, Кристијано Роналдо е на врвот

Ronaldo-celeb-penalty-win-champ-2016

Напаѓачот на Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо, е најдоброплатениот спортист во светот, објави „Форбс“. Во изминатата година, Португалецот од клубот и од спонзорите инкасирал 88 милиони долари, седум милиони повеќе од неговиот ривал од Барселона, Лионел Меси.

Роналдо годинава првпат ги симна од врвот досега неприкосновените богаташи меѓу спортистите, голферот Тајгер Вудс и боксерот Флод Мејведер, кои се менуваа на првата позиција на листата на „Форбс“ во последните 15 години.

На третото место зад Роналдо и Меси е кошаркарот Леброн Џејмс. Ѕвездата на Кливленд има годишна заработувачка од 77,2 милиони долари. По него следуваат Роџер Федерер со 67,8 милиони, Кевин Дурант со 56,8, а на шестото место е Новак Ѓоковиќ со 55,8 милиони долари.

Листата на топ 10 спортисти со најголема заработувачка ја комплетираат квотербекот на Каролина пантерс, Кем Њутон со 53,1 милион, голферот Фил Микелсон со 52,9, неговиот колега Џордан Спит со 52,8 и „пензионираниот“ Коби Брајант со 50 милиони долари

Најбогатите 100 спортисти според „Форбс“ доаѓаат од 23 земји во светот и се натпреваруваат во 10 спортови. Најбројни се Американците (65), а по спортови најмногу богаташи има меѓу играчите на бејзбол (26). Во изминатоте 12 месеци 100 најбогати спортисти во светот вкупно заработеле 3,15 милијарди долари.

Во пресметките на „Форбс“ влегуваат сите пари заработени од плати, парични награди и бонуси заработени меѓу 1 јуни 2015 и 1 јуни 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top