| четврток, 6 декември 2018 |

Април е, а метеоролозите најавуваат жолта фаза за утре!

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за утре, утре, во вторник , на 30 април се очекува целата територија на државата да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.

toploten-bran1

– Ги потсетуваме граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението, во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица – извести Министерството за здравство.

Комисијата за климатски промени континуирано ја следи состојбата со топлото време за што јавноста навремено ќе биде информирана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top