Согласно со најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство. Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион – Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод). За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли пијалаци. Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напивки и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини. Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студено време со врнежи од снег, в среда температурите ќе паднат под минус 10 степени
-
Апел до граѓаните, внимавајте на своето здравје: Викендов Македонија во жолта фаза
-
Македонија утре под влијание на топлотниот бран од жолта фаза
-
Од ниските температури најмногу настрадаа лозовите насади, овошките и оревот