Две години затвор доби македонски државјанин кој преку социјалните мрежи го величал Хитлер. Казната му ја одреди судот во австрискиот град Санкт Пeлтен.
Во затвор овој 26-годишен Македонец замина поради пораката „Хитлер врати се“ која ја споделил на „Фејсбук“. Тој во април со едногласна одлука бил прогласен за виновен за ширење нацистичка пропаганда, што е строго забрането во повеќе европски земји.
Македонецот, по занимање готвач, пред Судот се правдал дека не знаел оти вршел кривично дело. Тој се доселил во Австрија во 2013 година, а неговата сопруга Австријка веднаш го предупредила дека не смее во јавност да го покажува своето голо тело затоа што на градите имал истетовирано свастика. Македонскиот државјанин објаснувал дека свастиката не е нацистички, туку „македонски симбол“ со долга традиција кој се наоѓал и на археолошко наоѓалиште во Македонија и имал сосема поинакво значење. Свастиката ја истетовирал од патриотски причини, пренесува „Дојче веле“.
Тетоважата сепак не била пресудна во случајот, туку неговите постови на Фејсбук и Интернет на кои ставал фотографии од германски војници со свастики и слики на Хитлер. Во една дискусија околу бегалците ги „поздравил“ своите соговорници со „Зиг Хајл“ и повикал „Да се врати Хитлер“.
За австриското обвинителство, ваквото однесување претставува ширење на нацистичка идеологија, а таквото мислење го прифатил и судот.
Објективно погледнато неговиот клиент е виновен, изјави Георг Бургер, адвокат на 26-годишниот Македонец, кого јавниот обвинител Патрик Хинтерлајтнер го товареше за величење на националсоцијализмот преку интернет со што го прекршил законот за забрана на нацистичка пропаганда во Австија.
Според јавниот обвинител личните ставови на обвинетиот не се правно релеванто. „Секогаш одлучувачко е она што се изнесува јавно“, го цитира австрискиот интернет портал мајнбецирк.ат обвинителот Хинтерлајтнер. Тој во неговиот завршен збор потенцираше „ До објавувања од ваква форма (интернет) пристап има голема група луѓе и може да се каже дека тие служат за тоа да се поттикнува нацистичката идеологија или да се засилува“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Камионот цел ден го ваделе од насипот, штета над 200 илјади евра: Фотографии од сообраќајката во која Македонец излета од пат во Германија
-
Црниот телефонски именик на Хитлер продаден на аукција за 37.000 евра