Охридската полиција поднесе кривична пријава за педофилот, кој пред два дена нападна седумгодишно дете во центарот на Охрид. Станува збор за лицето Т.Т. (73) од Скопје со привремен престој во Охрид, кому истовремено му е изречена и мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Нападот се случил на 6 овој месец, во 12.30 часот во непосредна близина на охридската чаршија.
Приведениот кривичното дело полов напад врз малолетник го извршил така што откако го забележал девојчето како се враќа од училиште, го повикал во споредната уличка и почнал да го допира.
Од СВР Охрид соопштуваат дека веднаш по пријавувањето на настанот, бил консултиран јавен обвинител и во присуство на мајката биле извршени разговори со детето, со сведоци и претставници на Центарот за социјални работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.