| четврток, 6 декември 2018 |

Сакам да ти ја одерам кожата! – најстрашните изјави на децата

За помалку од 24 часа на Редит пристигна повеќе од 10.000 коментари само за една дебата. Темата која ги инспирира повеќето родители да се вклучат  е „Кои се најстрашните и најјезиви зборови кои вашето дете некогаш ви ги кажало”, а спектарот се движи од бизарно, па до навистина застрашувачки.

Корисникот со кодно име „Тhingsimeanttobe” напиша: Мојата петгодишна ќерка понекогаш имаше кошмари и извици во сон. Една ноќ, и реков “Во ред е, мама е тука“. Таа ме погледна, се уште во сон и извика „Мамо! Кој стои зад тебе? “.

Друг корисник напиша: Го ставив во креветче мојот двегодишен син, кога ми рече „Збогум, тато“. Му реков „Не, се вели -добра ноќ“ и тој одговори „Знам, но ова е збогум “.

На прашањето „Кој е најдобриот начин да се најде девојка“ , седумгодишниот син на корисникот под име „Abluesxs” одговорил „Кажи и да ти биде девојка или никогаш повеќе нема да ги види своите родители“.

„Псалм-96″ бил ужаснат кога неговата четиригодишна ќерка го разбудила во шест часот наутро и му шепнала: „Сакам да ти ја одерам целата кожа”.

Корисникот „Like-I-was-sayin“ напишал: „ Мојата тригодишна ќерка стоеше до креветчето до неговиот нов брат. Таа го гледаше некое време, а потоа се сврте, ме погледна и рече „Тато, ова е чудовиште, мора да го погребеме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top